Пазарот на недвижности во Скопје е динамичен, разновиден и високо конкурентен со присуство на бројни агенции кои нудат услуги за продажба, изнајмување и консалтинг во областа на недвижностите. Во продолжение, ќе ги разгледаме најзначајните агенции, вклучувајќи ги оние етаблираните, но новите современи конкуренти.

 

LEVEL - agencija za nedviznosti Skopje

ЛЕВЕЛ Недвижности е меѓу новите агенции за недвижности во Скопје и се истакнува со потенцијал за брз пазарен раст.

И покрај краткото време на постоење, малиот но динамичен  тим на ЛЕВЕЛ успева да се наметне на пазарот за недвижности преку ефикасно веб решение, кое на клиентите им овозможува брзо и лесно изнаоѓање на имоти според нивните преференции.  Како агенција лоцирана во главниот град на државата, Level има длабоко разбирање на пазарот на недвижности во Скопје и околината, што овозможува да понудат најдобри  и персонализирани решенија за своите клиенти. Фокусот на оваа агенција за недвижности е продажба на станови во Скопје  и околината, како и куќи и деловен простор. Агенцијата исто така опслужува и  странски клиенти претежно во сегментот на издавање на станови.

 

Novel Estate со своето долгогодишно постоење и темелен пристап се истакнува како водечка компанија помеѓу агенциите за недвижности во Скопје.  Тие нудат широка палета на услуги, вклучувајќи издавање и продажба на станови, куќи и деловни простории. Базата на податоци на Novel Estate, која е прилично голема, е секојдневно ажурирана, што им овозможува на клиентите пристап и до најновите понуди. Една од предностите на оваа агенција е нивната обемна понуда и долгогодишно искуство на пазарот. Сепак, поради големиот обем на работа, персонализираниот пристап кон клиентите може да биде ограничен. Нивното веб решение е практично но делува старомодно.

 

 

Square е модерна агенција предизвикувач која се издвојува со своите иновативни маркетинг стратегии. Тие се меѓу ретките агенции за недвижности во Скопје кои креираат видео презентации за секоја недвижност во своето портфолио, обезбедувајќи професионална услуга за фотографирање која е бесплатна за клиентите. Веб решението е модерно и одлично на изглед но не нуди висока функционалност. Фокусот на маркетингот е дека услугата за клиентите  е без провизија, но генерално, тоа е пракса кај сите агенции за недвижности.

 

 

Darma Doma е помала агенција за недвижности која се фокусира на персонализиран пристап кон клиентите. Тимот се состои од млади и искусни агенти кои се подготвени да одговорат на барањата на клиентите и да им помогнат во донесувањето на сигурни и вистински одлуки. Една од предностите на Darma Doma е нивната посветеност на клиентите и флексибилноста во услугите. Сепак, како помала агенција, нивната понуда може да биде ограничена во споредба со поголемите агенции.

 

 

Delta е агенција за недвижности која нуди услуги за изнајмување и продажба на станови, куќи и деловни простори. Тие имаат долгогодишно искуство на пазарот и се познати по својата професионалност но заостануваат во однос на модерниот маркетинг пристап. Предност на Delta е нивната стабилност и доверливост. Како главен недостаток може да го наведеме застареното веб решение кое не се прилагодува на мобилни уреди а дури нема ни SSL безбедносен сертификат.

 

Impuls, слично како и Делта, е агенција за недвижности која нуди услуги за изнајмување и продажба на различни типови на недвижности, вклучувајќи станови, куќи и деловни простори. Тие се познати по својата професионалност и посветеност на клиентите. Предност на Impuls е нивната разновидна понуда и искуство на пазарот. Сепак, како и кај некои други агенции, недостаток може да биде ограничената примена на современи дигитални маркетинг техники, односно го користи истиот веб систем како и Делта, и ги има истите недостатоци, неприлагодливост на мобилни екрани и е без ​ SSL сертификат.

 

Заклучок

Пазарот на недвижности во Скопје изобилува со агенции кои нудат различни услуги и различен пристапи кон клиентите. Додека долгогодишните агенции како Novel Estate или Delta нудат стабилност и искуство, новите агенции како Square и Level внесуваат свежина и иновативност на пазарот. Погоре анализираните агенции за недвижности во Скопје имаат изразено веб присуство (сопствени веб сајтови) преку кои привлекуваат клиенти, додека други се фокусираат исклучиво на популарните огласници како Пазар 3 и Реклама 5. Иако, навидум добар, дел купопродажбата на недвижности се одвива преку овие огласници, истите се пренатрупани со агенции но и со несистематизирани огласи што ги прави комплицирани за користење. При ваквите околности на пазарот на недвижности, постојат и агенции кои остваруваат успех преку социјалните мрежи како Facebook и Instagram.

Со својот брз раст и посветеност на клиентите, Level како дел од мноштвото агенции за недвижности, претставува вреден избор за оние кои бараат современ и поедноставен пристап во пребарувањето на имоти, како и персонализирана услуга како за купувачите така и за сопствениците.

 

За прилагодена понуда на вашите барања за станови во Скопје

контактирајте не на info@level.mk или  075/638-607.

Агенции за недвижности во Скопје

Reset password

Enter your email address and we will send you a link to change your password.

Get started with your account

to save your favourite homes and more

Sign up with email

Get started with your account

to save your favourite homes and more

By clicking the «SIGN UP» button you agree to the Terms of Use and Privacy Policy
Powered by Estatik