LEVEL Consulting https://level.mk Mon, 21 Mar 2022 11:01:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.2.3 https://level.mk/wp-content/uploads/2021/03/cropped-level-32x32.png LEVEL Consulting https://level.mk 32 32 Отварање на фирма https://level.mk/otvaranje-na-firma/ Mon, 21 Mar 2022 08:00:35 +0000 https://level.mk/?p=1252 Otvaranje na Firma vo Makedonija

Отварање на фирма во Македонија е едноставен потфат и може брзо да се реализира. Се што ве е потребно е идеја и нешто почетен капитал.

Регистрацијата на фирмата го означува формален почеток на бизнисот на кој би можеле да претходат и низа активности како подготовка, откривање на бизнис идеја, истражување на пазарот, обезбедување ресурси, тимско екипирање итн.

Во Левел Консалтинг, покрај подготвителните консултации за отварање на фирма, нудиме и Бесплатна Регистрација на вашиот бизнис доколку станете корисник на нашите сметководствени услуги.

Нашите услуги поврзани со отварање на бизнис вклучуваат:

  1. Бесплатни консултации.
  2. Бесплатна регистрација на фирма.
  3. Изработка на бизнис план.
  4. Сметководствени услуги.
  5. Изработка на веб сајт,
  6. Маркетинг итн.

Процесот на отварање на бизнис може да помине низ фазите прикажани на сликата.Otvaranje na Firma - Proces

Откривањето на бизнис можност и дефинирањето на бизнис идеја (1) е првиот чекор во секој бизнис потфат. Пожелно е идејата да се верификува или да се провери изводливоста со одредено истражување на пазарот (2) во зависност од можностите на основачот. Наједноставно истражување на пазарот може да се направи преку интернет, се разбира ако имате основни познавање за тоа.

Различни фирми или бизнис модели имаат потреба од различни ресурси (3). Некои бизниси може да се започнат со минимален почетен капитал а за некои ќе ви бидат потребни повеќе финансии. Во одредени случаи, исклучително корисно би било да вклучите повеќе основачи во тимот, особено доколку ви е потребна одредена експертиза а на почетокот немате средства за тоа да финансирате.

По дефинирање на правната форма на бизнисот (ТП, ДООЕЛ, ДОО итн) потребно е да контактирате регистрационен агент (адвокат) кој ќе ги прибере потребните документи и ќе ја поднесе пријавата за регистрација на фирмата (4) во централниот регистар.

По обезбедување на печати, сметка во банка и сите потребни дозволи за работа (зависно од дејноста) можете да започнете со работа (5).

Отварањето на фирмата, претставена низ 5 те чекори, е најлесниот дел од работата. Вистинските предизвици реално започнуваат откако ќе излезете на пазарот ќе се соочите со потенцијалните купувачи и низа други потешкотии.

Левел Консалтинг може да ви понуди и бизнис услуги кои ќе ви помогнат во обезбедувањето на клиенти, раст на продажбата, настап на меѓународен пазар, правно-бирократски формалности, стратегиски раст на бизнисот и сл.

Доколку одлучите отварањето на фирмата да го направите преку нас, испратете ни порака на info@level.mk или повикајте не на 075/737-703. Благодариме на довербата.

]]>