Опис
-
Опис:
- Број на соби: 3
- Квадратура: 60 m²
- Греење: Друго
- Спрат: Приземје
- Тип на станот: Во Зграда
- Состојба: Реновиран
- Опрема: Наместен
- Лифт: Не
- Година на градба: 1964
- Година на реновирање: 2022
- Број на балкони: 1 Балкон
- Број на бањи: 1
- Подрум: Не
- Број на паркинг/гаража: Нема
- Ориентација: Исток
- Скопје
Достапен од 1 јули 2025 година, се издава целосно реновиран и модерно опремен трособен стан со површина од 60 м², лоциран во мирниот дел на населбата Карпош 1, во близина на основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“. Станот се наоѓа на приземје и располага со две спални соби, дневна, кујна, бања и балкон. Реновиран е во целост со нови инсталации, ПВЦ столарија, нови подови, комплетно обновена бања и поставена термоизолациона фасада. Греењето е комбинирано – со термо печки и инвертер клима, што овозможува економично користење. Локацијата е идеална за семејства со мали деца поради близината до паркови, игралишта, училишта и градинки, а истовремено и за студенти поради непосредната близина на техничките и природно-математички факултети. Паркирањето во населбата е зонско, со можност за изнајмување и надземна ѕидана гаража. Станот е наменет исклучиво за непушачи и може да се разгледа по претходна најава.