Опис
-
Опис:
- Број на соби: 2
- Состојба: Ново
- Површина: 48 m²
- Локација: Аеродром, Скопје
Се продава нов, невселуван стан од 48м² со чист имотен лист, со една спална соба, на екстра локација. Станот е новоградба, се наоѓа на втори кат со лифт, со југозападна ориентација. Лоциран е на 300 метри од меѓуградската автобуска и железничка станица, на 10-15 минути пеш од Веро-Џамбо, Градскиот трговски центар и Ист Гејт Мол. Дневната и спалната соба се со храстов паркет, предсобјето, кујната и бањата се со шпански плочки прва класа. Надворешната фасада е со стиропор, прозорците се шесткоморни со двојно стакло, има градско парно греење (ЕСМ-БЕГ) и екстра топлинска и звучна изолација. Постојат можности за избор на подземен паркинг на прво ниво (-1) со доплата. Станот се наоѓа во мала, компактна зграда со модерна европска квалитетна градба од цигла (без гипс картон), со само 24 стана, во близина на училиште, градинка и маркети.
Локација
- Населба: Мичурин