Опис
-
Опис:
- Број на соби: 6
- Квадратура: 130 m²
- Греење: Друго
- Спрат: 1 кат
- Тип на станот: Во куќа
- Состојба: Реновиран
- Опрема: Наместен
- Лифт: Не
- Година на градба: 2007
- Година на реновирање: 2024
- Број на балкони: Тераса + 2 Балкони
- Број на бањи: Повеќе од 2
- Подрум: Не
- Број на паркинг/гаража: 1 Паркинг
- Ориентација: Северозапад
Се издава простран, реновиран и целосно наместен стан со површина од 130 м², сместен на прв кат од куќа во престижната и тивка населба Козле. Куќата има три нивоа (приземје, кат и поткровје), а станот е лоциран на средниот кат, без други станари. Располага со пространа дневна соба со трпезарија, одвоена кујна, гостинско WC, две детски соби со сопствено купатило, како и родителска спална со свое купатило. Има три тераси кои овозможуваат природна светлина и свеж воздух, а на располагање е и обезбеден паркинг. Греењето е сопствено – на струја, со поддршка од големи инвертер клими поставени во дневната и во спалниот дел. Овој имот е идеален за семејства кои бараат мирна локација, удобност и приватност. Достапен е за долгорочно изнајмување, со можност за договор околу цената.