Бесплатна регистрација на фирмаБесплатна Регистрација на фирма е овозможена од Левел Консалтинг како дел од пакетот за Започнување на Бизнис.

Регистрацијата на фирма повлекува одредени трошоци но ние ви ја нудиме бесплатно доколку склучите договор за сметководствени услуги во мрежата на Левел Консалтинг. Во истиот пакет дополнително добивате и Бесплатен Website, нешто што моментално е уникатно како понуда на македонскиот пазар.

За да го започнете процесот на бесплатна регистрација на фирма пополнете ја формата (подолу) или побарајте не на тел: 075/737-703

Регистрирањето на фирма е формализирање на процесот на започнување на бизнис. Регистрацијата на бизнисот следува по откривање на бизнис можност, дефинирање на идеја, истражување на пазарот, одбирање на бизнис модел, оформување на тим, обезбедување на ресурси за започнување и сл. Доколку ги имате обмислено и извршено поголемиот дел наведените активност следниот чекор е да го започнете процесот на регистрација, односно, основање на вашата нова фирма.

 

Процесот на Регистрација на Фирма во Левел Консалтинг опфаќа:

  1. Избор на дејност и тип на трговско друштво (ДОО, ДООЕЛ, ТП или АД)
  2. Избор на вид на основачки влог (минимален, паричен или непаричен – со проценка)
  3. Потпишување на преддоговор за пакет на услуги (Регистрација, Сметководство, Вебсајт и сл.)
  4. Избор и регистрирање на Domain име за вашиот вебсајт
  5. Избор и резервирање назив на фирмата
  6. Потпишување и обезбедување на сите потребни документи за регистрација на фирма (преку регистрационен агент)
  7. Регистрирање на фирмата преку Централен Регистар и добивање на решение.
  8. Изготвување на печати и отворање на сметка во банка

Забелешка: проценка на непариен влог и изработка на печати се наплаќа посебно.

 

Првенствено, пред да регистрирате фирма, треба да одлучите каква правна форма ќе одберете за вашиот бизнис бидејќи тоа ќе влијае на трошоците за регистрација, висината на основачкиот влог, работење но и на деловните ризици.

При отворање на фирма во Македонија на располагање ви се неколку правни форми на друштва и тоа:

  • Трговец Поединец (ТП)
  • Друштво со Ограничена Одговорност Едно Лице (ДООЕЛ)
  • Друштво со Ограничена Одговорност (ДОО)и
  • Акционерско друштво (АД)
  • И други…

Исто така, значајно е да размислите како би се викала вашата фирма, но сепак тој процес најдобро е да започне со регистрација на домејн (веб адреса) а потоа формалниот назив на фирмата да се прилагоди на избраниот домејн.

За детали (предности и слабости) за различните  правни форми на друштва, како и потребата за навремена регистрација на домејн обратете ни се за бесплатни консултации преку пакетот за започнување на бизнис.

За крај, значајно е да нагласиме дека за да добиете бесплатна регистрација на фирма потребно е да потпишете преддоговор за пакет на услуги во Левел Консалтинг во кој услугата за сметководство ја плаќате на месечно ниво со почетна/минимална цена од 3750 ден. Потоа, регистрацијата ќе се одвива преку овластен регистрационен агент кој ќе ви помогне да ги обезбедите и потпишете сите потребни документи за основање на фирма.

Доколку се одлучите регистрацијата на фирма да ја направите преку нас пополнете ја формата или побарајте не на тел: 075/737-703. Благодариме на довербата.

 

Барање за бесплатна регистрација на фирма:

Доколку името кое го посакувате за вашата фирма е веќе зафатено ќе ви предложиме неколку варијанти. Затоа може и вие да дадете неколку предлози за име со цел да ја избереме најдобрата опција.
Примери за домејн: level.mk , Nikolovski.mk, Pekara007.mk, NovBran.mk, BidiFit.mk, Bistro.mk, Transporter.mk, LocalSped.mk, итн.
Ако има повеќе основачи одвојте ги со запирка. (За правни лица како основачи ставете го краткиот назив на фирмата)
Бесплатната регистрација на фирма е овозможена само ако потпишете договор за сметководствени услуги.
Бесплатниот Website коако услуга е достапен за клиентите на Левел Консалтинг кои користат сметководствени услуги. (Детали)
LEVEL Consulting